Tuesday, March 21, 2006

Кој го уби Слободан Милошевиќ?

Пред неколку денови беше ставена една многу занимлива анкета на нај популарниот велешки поратал www.tirekovmirece.com. Анкетата е поврзана со мистериозната смрт на долгогодишниот лидер на србскиот народ Слободан Милошевиќ. На анкетата главното прашање беше посатвено: кој го уби Слобо?

Резулататите од анкетата се следни:

Прашање од анкетата:
Кој го уби Слобо?
1.Карла Дел Понте 66
2.Буш 23
3.Природна смрт 17
4.Самоубиство 8
5.Ја доби заслужената казна 11


Мојот нов блог www.velesweb.blog.com.mk на единствениот македонски блог сервис www.blog.com.mk


На македонскиот сервис сум веќе член една недаела и еден ден и навистина сум задоволен од сервисот што го нудат. Едиторот е понапреден за разлика од сервисот што го киристев досега www.blogger.com а начинот на работа е нешто што досега го немам сретнато. Само малце би тербало да се работи повеќе на самата скрипта. На главните одговорни на овој сервис им посакувам многу среќа во иднина и нека терат само напреад. И за крај сакам да им препорачам на сите македонски блогери што го користат www.blogger.com да се префрлат на нашиот македонски блог сервис www.blog.com.mk.

Новата химна, заштитен знак и маскота за Велес


На 14.03.2006 на седницата во Општина, советот ја донесе одлука за востановување на химна, заштитен знак и маскота на град Велес.

  • За химна на Општина Велес се востановува народната песна „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“.
  • За заштитен знак на Општина Велес се утврдува афионска чушка (афионска шапка).
  • За маскота на Општина Велес се утврдува стилизиран цртеж на видра.
Повеќе за настанот тука.

Monday, March 20, 2006

Коментар од концертот на Dara Bubamara

Во сабота во градот Велес во дискотеката Down Town беше одржан долго очекуваниот концерт на Dara Bubamara. Концертната сала повторно беше до последното место исполнетеа. Концертот започна со мало задоцнување во 00:00 а траеше се до 2:45. Koнцертит беше навистина лудница, само една работа не чинеше. Разгласот беше катастрофа, така да публиката не можеше да ужива во вистинскиот глас на големата српска дива.

Friday, March 17, 2006

Dara Bubamara во Велес


Dara Bubamara Ова Саботa во велешката дискотека Down Town за прв пат ќе гоствува србската турбо фолк звезда Dara Bubamara. Концертот требаше да се одржи уште лани, ама порадди некоји други причини се одложил за ова година. По маркетите на ТЕДИКО цената на влезниците е 100ден а додека на влезот на дискотеката е 150ден.

Tuesday, March 14, 2006

Што ќе донесе патот кон Европа?

Во рамките на кампањата „Европа сега“ на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во организација на Центарот за поддршка на НВО, во Велес се одржа трибина на тема „Процесот на придружување на Република Македонија кон Европската Унија и перспективи“, а предизвиците пред кои се наоѓа Македонија, за предпристапниот инструмент ИПА кој ќе ја замени програмата КАРДС и обврските во областа на заштитата на животната средина, на трибината говореа д-р Финка Серафимова и Марија Игнатова, претставници на Секретаријатот за Европски прашања. .....Повеќе
Inter или Ajax?


Верчева ќе се решева меѓу Inter и Ajax кој ќе биде последниот патник во 1/4 финале во лигата на шампиони. Главниот фаворит се занае веќе дека е Inter, по нерешениот резултат од...Повеќе

Monday, March 13, 2006

Џогани во Велес


По неколку месечна зимска пауза, на 11.03 во минатава Сабота беше отворна велешката единствената летната дискотека во градот Велес, дискотека DOWN TOWN. Главните гости на отварањето беа групта Џогани. Исто ко во изминатите преходни концерти, салта беше повторно распродаена и полна со нивните најголеми обожаватели. Влезната карта за концертот беше 100 денари и на влезот и по маркетите. Еве неколку слики од концертот.

Friday, March 10, 2006

Резултати од ждрепката

Денеска во 13 часот во главниот град на Франција во Парис, беа извлекувани 1/4 финалните парови од лигата на шампиони. Паровите се следни: единствениот англиски патник во 1/4... Повеќе
Дали ќе си го задржи радио 5фм името?

По мењавњето на името од мерак5фм во 5фм, наводно во следниот чекор газдите на најпопуларната радио станица во Велес, планират да го избришат и последното од името што остнало. Во иднина радиото нема да се вика ни мерак ни 5фм, него газдите се во план да се одлучат за сосема ново име.Газдите на мерак 5фм беа 5 години во успешниот бизнис заједно, а причината за мењавањето на името се уште не се знае, тимот е ист а за новото име уште не донесена одлука.
Ангажирање на 79 британски полицајци

На светското првенство во Германија ќе бидат ангажирани 79 британски полицајци. Британските џандари својта должоност нема да ја вршат во униформа, него во цивилка. Цивилната британска полиција ќе се грижи за безбедноста на оние места каде што ќе има најголема фреквенција на луѓе за времето на светското првенство. Нивните главни пунктови ќе бидат: жељезничките станици, ајодромите и глвните влезови на стадионите.
Победа за Dallas и Spurs

Најдобрите досегашни два NBA тима, ја продолжија трката за првото место во севернозападната коференција. Dallas го доби синоќешниот натпревар нагости против Portland со 100 спрема 92. Во изминативе 10 натпревари против Portland, Dallas успеа да триумфира 9 пати. Германецот Dirk Nowicki постигна 33 коша на натпреварот. Spurs исто така во сопствената сала го збриша Phoenix со 117 спрема 93.

Tuesday, March 07, 2006

8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената

По повод 8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес, на ден 02.03.2006 година (четврток) со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес, одржа ТРИБИНА на тема: повеќе....

Monday, March 06, 2006

Оскари 2006

Синоќа во 2 часот во прекрасниот Кодак театар во Los Angeles во калиформија беа доделувани по 78 пат филмските Оскар награди.Најголемото изненадување приреди филмот Crash со победава во најважната ктегорија.За разлика од изминативе години, ова година го неше големиот победник. Филмот Crash доби три оскара: оскар за најдобар филм за 2005 година, оскар за најдоброто оргинално сценарио и оскар за најдобрата монтажа. Најголемиот фаворит, филмот на тајванскиот режаисер Ang Lee Brokeback Mountain, од осум номинации успеа да се закити само со три оскара. Акторот и режисерот George Clooney се закити со еден оскар, за главна споредана улога во филмот Syriana. Ремек делото на Piter Jakson King Kong се окити со три оскари: во категорија најдори визуелни ефекти, најдобра звучна монтжа и во категоријата најдобри звучни ефекти.Најголемото изненадување приреди филмот Crash со прогласувањето од страна на оскаровскиот презентер Јаck Nikelson за најдобар филм во 2005 година. Оскарот за најдобар режисер го доби тајванецот Ang Lee.

Тука можете да ги видите сите добитници:

Best Picture: Crash
Best Director: Ang Lee, Brokeback Mountain
Best Original Screenplay: Crash
Best Adapted Screenplay: Brokeback Mountain
Best Actress: Reese Witherspoon, Walk the Line
Best Cinematography: Memoirs of a Geisha
Best Actor: Philip Seymour Hoffman, Capote
Editing: Crash
Foreign Language: Tsotsi
Sound Editing: King Kong
Best Song: It's Hard Out Here for a Pimp
Best Sound Mixing: King Kong
Original Score: Brokeback Mountain
Art Direction: Memoirs of a Geisha
Documentary Feature: March of the Penguins
Documentary Short: A Note of Triumph: The Golden Age
Best Supporting Actress: Rachel Weisz, The Constant Gardener
Makeup: Chronicles of Narnia
Costumes: Memoirs of a Geisha
Animated Short: The Moon and the Son
Live Action Short: Six Shooter
Best Animated Feature: Wallace and Gromit: Curse of the Were-Rabbit
Best Visual Effects: King Kong
Best Supporting Actor: George Clooney, Syriana

Friday, March 03, 2006

Goran 's Portal дефинитивно се згасна

Новата веб страница на познатиот блогер Горан Андреев се згасна поради технички причини. Наскоро ќе го пушти во работа новиот портал во соработка со менаџерот на предходнот портал Љупче Пепиќ. Порталот ќе има сосема друг наслов и сосема нов домен и уште една разлика ќе има, разликата ќе биде во тоа што овој пат нема да има само еден адмистратор, него ќе има два адмистратори без менаџер. За насловот и доменот не сакам да го издадам, за тоа што сакам да ви давам шанса сами да се изненадите.