Tuesday, May 30, 2006

Менса бесплатно теститарње!


Оваа недела во Велес на 03 јуни 2006 (сабота) во ОУ “Васил Главинов” со почеток во 12:00 h ќе се одржи тестирање за интелегенција од невладината организација МЕНСА. Тестирањето е бесплатно и е за лица со наполнети 14 години.

МЕНСА МАКЕДОНИЈА е невладина организација која работи на откривање и унапредување на човечката интелигенција. Со членска карта од Менса која е валидна во целиот свет вие станувате дел од Менса семејството на најинтелигентните луѓе во светот, што носи привилегии за школување, стипендии, визи, вработување…
Менса Македонија е организација чии членови се избираат според општо прифатените критериуми (тестови на интелигенција) на MENSA INTERNATIONAL со седиште во Лондон. Таа се раководи според општочовечките принципи за рамноправност, правда, мир, соработка меѓу поединци и колективи.

Плаката и летокот можете да ги превземете од следниве линкови.
1. Плаката
2. Леток

Извор:www.goranandreev.name.mk

Промоција на книги

Image
Промоција на книги Книгоиздавателството Култура - Скопје, Општината Велес и библиотеката „Гоце Делчев“, Ве покануваат на Промоцијата на книгите

СИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ (СТОПАНСКИ) РЕФОРМИ
и
ВИОРНИ ВРЕМИЊА
од Киро Глигоров

Обраќање: Г-дин Аце Коцевски, градоначалник на Велес
Промотри: Акад. Таки Фити, Г-дин Васил Тоциновски
Обраќање: Г-дин Киро Глигоров

Промоцијата ќе се одржи во среда, 31 мај, со почеток во 13.00 часот во салата на Општина Велес

Извор:www.veles.gov.mk

Monday, May 29, 2006

Работна посета на Претседателот на Р.М. во Велес

 Работна посета на Претседателот на Р.М. во Велес Денес, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, заедно со Министерот за финансии, Никола Поповски и Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски положија камен темелник на новата училишна зграда на ООУ „Рајко Жинзифов“ во селото Горно Оризари.

Повеќе

Friday, May 19, 2006

Ели на полуфиналниот настап, настапи со голема трема!

Ели на вчерашниот полуфинален настап пееше со голема трема.Според многу критичари и експерти настапот беше проценет дека бил навистина многу слаб. Коеографијата не да беше лоша него нејзиниот прекрасен глас не беше доволно истакнат, па сега почна води дискусија дали матриците не беа погодени или кај неа настапи синдромот кој што е попознат како трема. Едно од тие две работи беше главаната причина што голем дел од синоќешната македонска публика и голем број на нејзините обожаватели ширум светот беа разочарани од нејзиниот настап. По нејзниот настап многумина не веруваа дека ќе влезе во финале, но сепак Европа и даде втора шанса на нашата супер Ели да си ги исправи нејзините грешки и да настапи со голема енегија во финалето во сабота. И покрај слабиот настап ќе се надеваме и ќе стискаме палци и ќе веруваме во невозможното, а тоа е да се закити со евопската круна.

Мисијата не да е тешка него е нeвозможна. Тоа се познатите зборови од филмот Mission Impossible 2 кај што главната улога ја игра познатиот актер Tom Cruise. Па се надеваме дека ќе има ист завршеток како и филмот, и покрај невозможната мисија главниот јунак алиас Tom Cruise на крај докажува дека е возможна!

Промоција на новата книга на Марко Семов

Општина Велес и Амбасадата на Република Бугарија во република Македонија и издавачката „Макавеј“ Ве поакануваат ве покануват да учествувате на
промоција за новта книга на академикот Марко Семов со наслов „ЦЕНАТА“Промоцијата ќе се одржи на 25 мај 2006 год во четврток со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес. Улогата на промотор ќе ја преземе писателот Васе Манчев.
Карикатура на Bill Gejts

Бил од друга гледна точка!Нај богатијот човек и творецот на нај популарниот и нај ранивлиот оперативeн систем Windows.