Thursday, December 14, 2006

Една доза на луди слики!

Ова е само една од неколку откачени слики кој што можете да ги видите на следниот линк. Повеќе

Покана зa на изложбата на Живко Пренџов

Живко ПренџовСе покануваат сите љубители и не љубители на уметноста оние што се од Велес и што не се да присуствуваат на изложбата на велешкиот познат уметник и педагог Живко Пренџов која што ќе се одржи на 15.12.2006 година нареден Петок. За поконретни информации кликнете на дадената слика. Повеќе


Thursday, December 07, 2006

Lamborghini Murciélago LP640 Roadster

Италијанската чувена компанија за коли Lambordgini пред некое време ја презентираа својоата најнова Roadstar звезда моделот Lamborghini Murciélago LP640 Roadster. Новиот на Lamborghini е вистинско возило за луѓе кој што сакаат да одат до својата максимална граница со други зборови за оние луѓе кој што обожаваат да изиграваат асфалтни пилоти.
Повеќе

Компјутерскиот анимиран филм Happy Feet по втор пат ја задржа првата позиција - Box Office

Компјутерски анимиран филм Happy Feet трета недела по ред се наоѓа на првото место. За разлика од пред минатиот викен, последниот викенд испадна много по не профитен за премиерните филмови и за трикратниот лидер Happy Feet со други зборови кажано заработаката беше дупло помала не само за лидерот него и за оније филмови кој што се наоѓаа на долниот дел на топ 10 листата. Компјутерски анимиран филм Happy Feet за време на минатиот викенд беше прикажуван по 3804 американски кино сали а неговата вкупната заработка изнесува $17,045,000 американски долари. Во почепкот на минатиот викенд неколку филмови доживеа премиери: The Nativity Story филмот кој што ја раскажува божиќната приказна, трилерот со наслов Turistas и второто продожение на комедијата Van Wilder со наслов National Lampoon's Van Wilder: The Rise of Taj. Повеќе

Градот на Прличко заслужува театар

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на прес конференција го изрази своето незадоволство и разочарување од фактот што во предлог Буџетот за 2007 година, Владата на Република Македонија повторно не ја вклучи изградбата на новата театарска зграда во Велес помеѓу капиталните инвестиции. Тој упати апел до Владата со амандман да ја вклучи изградбата на театарската зграда и да се придржува кон Националната програма за култура усвоена во мај 2004 година.
„Македонија не е само Скопје“ рече Коцевски потсетувајќи ја јавноста дека токму во Велес, Јордан Хаџи Константинов - Џинот го напиша првиот драмски текст, дека во Велес Тинка Коларова првата жена актер во Македонија играла на театарската сцена и дека од Велес потекнуваат голем број истакнатаи македонски актери, меѓу кои и првиот скомрах Петре Прличко. Повеќе


Image