Thursday, December 14, 2006

Една доза на луди слики!

Ова е само една од неколку откачени слики кој што можете да ги видите на следниот линк. Повеќе

Покана зa на изложбата на Живко Пренџов

Живко ПренџовСе покануваат сите љубители и не љубители на уметноста оние што се од Велес и што не се да присуствуваат на изложбата на велешкиот познат уметник и педагог Живко Пренџов која што ќе се одржи на 15.12.2006 година нареден Петок. За поконретни информации кликнете на дадената слика. Повеќе


Thursday, December 07, 2006

Lamborghini Murciélago LP640 Roadster

Италијанската чувена компанија за коли Lambordgini пред некое време ја презентираа својоата најнова Roadstar звезда моделот Lamborghini Murciélago LP640 Roadster. Новиот на Lamborghini е вистинско возило за луѓе кој што сакаат да одат до својата максимална граница со други зборови за оние луѓе кој што обожаваат да изиграваат асфалтни пилоти.
Повеќе

Компјутерскиот анимиран филм Happy Feet по втор пат ја задржа првата позиција - Box Office

Компјутерски анимиран филм Happy Feet трета недела по ред се наоѓа на првото место. За разлика од пред минатиот викен, последниот викенд испадна много по не профитен за премиерните филмови и за трикратниот лидер Happy Feet со други зборови кажано заработаката беше дупло помала не само за лидерот него и за оније филмови кој што се наоѓаа на долниот дел на топ 10 листата. Компјутерски анимиран филм Happy Feet за време на минатиот викенд беше прикажуван по 3804 американски кино сали а неговата вкупната заработка изнесува $17,045,000 американски долари. Во почепкот на минатиот викенд неколку филмови доживеа премиери: The Nativity Story филмот кој што ја раскажува божиќната приказна, трилерот со наслов Turistas и второто продожение на комедијата Van Wilder со наслов National Lampoon's Van Wilder: The Rise of Taj. Повеќе

Градот на Прличко заслужува театар

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на прес конференција го изрази своето незадоволство и разочарување од фактот што во предлог Буџетот за 2007 година, Владата на Република Македонија повторно не ја вклучи изградбата на новата театарска зграда во Велес помеѓу капиталните инвестиции. Тој упати апел до Владата со амандман да ја вклучи изградбата на театарската зграда и да се придржува кон Националната програма за култура усвоена во мај 2004 година.
„Македонија не е само Скопје“ рече Коцевски потсетувајќи ја јавноста дека токму во Велес, Јордан Хаџи Константинов - Џинот го напиша првиот драмски текст, дека во Велес Тинка Коларова првата жена актер во Македонија играла на театарската сцена и дека од Велес потекнуваат голем број истакнатаи македонски актери, меѓу кои и првиот скомрах Петре Прличко. Повеќе


Image

Tuesday, November 21, 2006

Новиот компјутерски анимиран филм го порази Jems Bond - Box Office

На премиерата во Aмерика последниот викенд новиот Jems Bond филм кој што е продукциа на Sony Pictures Releasing, Sony Pictures Releasing International со наслов Casino Royale е порaзен од компјутерскиот анимиран филм кој што е продукција на нај познатата американска продуциска куќа Warner Bros кој што исто така доживи премиера последниот викенд во Америка, тоа филмот кој што пингвините ја играат главната улога во компјутерски анимиран вештачки свет тоа е филмот со наслов Happy Feet. Компјутерскиот анимиран филм Happy Feet преку викендот беше емитуван во 3804 а неговата вкупна заработка изнесува $42.320.000, 1.7 милион долари повеќе од второ пласираниот филм кој што е продукција на Sony Pictures Releasing со наслов Jems Bond - Casino Royale кој за разлика беше емитуван во 3434 амерички кино сали преку викендот во Америка. Повеќе

Friday, November 17, 2006

Биографија: велешката уметничка легенда Живко Пренџов

Живко Пренџов
Ул. "Прва Комуна" 34,
1400 Велес, Македонија
Контакт:
zprendzov@gmail.com



Повеќе

Wednesday, November 15, 2006

На Borat му немаше рамен - Box Office

Дефинитивно немаше рамен ниту овој викенд со филмот кој што главаната улога ја игра Sacha Baron Cohen алиас Borat, како што велеше големиот император Julius Cezar дојдов видов победив. Филмот на американска филмска компаниа 20th Century Fox Distribution со наслов Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan преку викендот беше емитуван во 2566 американски кина а за тоа време направи профит од $29,000,000 милиони долари тоа се дури 12,1 милиона повеќе од второ пласираниот филм на компаниата Buena Vista Pictures Distribution со наслов The Santa Clause 3: The Escape Clause кој за разлика беше емитуван по 3458 американски кина. Повеќе


За да бидете во текот со најновите филмски траилери или со нај забавните светски видео клипови зграпчите го веле веб видео фидот veleswebvideos.blogspot.com/atom.xml

Нај ефтините и нај задоволителните коли во светото

Германското препријатие за возила ADAC пред некое време ги тестираше пет нај задоволителните и нај ефтините коли во светот. Во тестот се запзени следините работи: цената на возилото, потрошњата и максималниот капецитет на машината. Повеќе

Thursday, September 14, 2006

Хорор филмот The Covenant - филм траилер

Као што спомнав еднаш xорор филмот The Covenant во изминатава недела во рок од седум дена успеа да направи заработка од 8,9 милиони долари и со тоа се наѓа на прво место на американскиот " Box Office ". Овој филм располага со изворедно добри звучни ефекти и толку страшна содржина или поконретно кажано ово е вистинскиот филм за сите љубители на екстремно страшни xорор филмови. Еве ви го и оргиналниот треилер за овој филм: траилер

Еве и еден линк кон целосната топ 10 листа од изминатава недела: velesweb.tk

Извор:velesweb.blog.com.mk
Новиот домен на: velesweb.tk

Изложба на стрипот - Правата на Ромите преку стрип

Стрип центар на Македонија и здружение на Ромите " ЈАКИПЕ " oгронок Велес Ве покануваат да учествувате на изложбата на стрип.







-14.09.2006 Велес, 19час
Стрип центар Македонија

-15.09.2006 Градско, 12час
О.У. Даме Груев

-15.09.2006 Неготино, 18час
Центар за подршка на НВО

-19.09.2006 Прилеп, 19час
Центар за подршка на НВО

-20.09.2006 Скопје , 19час
" КУМНАЛ " Никола Карев



Проект: Правата на Ромите преку стрип
Проктот е финансиран од " КРАЛСКАТА НОРВЕШКА АМБАСАДА "

Thursday, September 07, 2006

Скакачка плавуша - видео клип

Скакакчка плавуша, на што скока нема да откријам! Ви давам шанса вие да ја откријете големта тајна! А јас веќе дознав на што скока! Еве за почеток една слика, мислам дека веќе дознавте за што станува збор. За да го видите видео клипот ќе треба да кликнете на наредниот линк! видео материјал




Ако сакате да бидете во тек со најновите видеоклипови тогаш преземете го фидот на ова веб страница veleswebvideos.blogspot.com/atom.xml Oва е вистинскиот фид за вашата дневна интернет забава. Ако имате желба да го дознаете фаворитот кој што се индексира на ова веб страница како на пример овој видео клип, тогаш преземете го овој фид velesweb.blog.com.mk/blog/3427/feed Ви благодариме за вашето внимание!

Thursday, July 13, 2006

Лошиот крај за " Zizu"

Monday, July 03, 2006

Овогодишните матуранти на велшката Гимназија Кочо Кацин

Фото албум и мал коментар Повеќе

Tuesday, June 06, 2006

Кока - Кола Јуниор Куп - Финале






Tuesday, May 30, 2006

Менса бесплатно теститарње!


Оваа недела во Велес на 03 јуни 2006 (сабота) во ОУ “Васил Главинов” со почеток во 12:00 h ќе се одржи тестирање за интелегенција од невладината организација МЕНСА. Тестирањето е бесплатно и е за лица со наполнети 14 години.

МЕНСА МАКЕДОНИЈА е невладина организација која работи на откривање и унапредување на човечката интелигенција. Со членска карта од Менса која е валидна во целиот свет вие станувате дел од Менса семејството на најинтелигентните луѓе во светот, што носи привилегии за школување, стипендии, визи, вработување…
Менса Македонија е организација чии членови се избираат според општо прифатените критериуми (тестови на интелигенција) на MENSA INTERNATIONAL со седиште во Лондон. Таа се раководи според општочовечките принципи за рамноправност, правда, мир, соработка меѓу поединци и колективи.

Плаката и летокот можете да ги превземете од следниве линкови.
1. Плаката
2. Леток

Извор:www.goranandreev.name.mk

Промоција на книги

Image
Промоција на книги Книгоиздавателството Култура - Скопје, Општината Велес и библиотеката „Гоце Делчев“, Ве покануваат на Промоцијата на книгите

СИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ (СТОПАНСКИ) РЕФОРМИ
и
ВИОРНИ ВРЕМИЊА
од Киро Глигоров

Обраќање: Г-дин Аце Коцевски, градоначалник на Велес
Промотри: Акад. Таки Фити, Г-дин Васил Тоциновски
Обраќање: Г-дин Киро Глигоров

Промоцијата ќе се одржи во среда, 31 мај, со почеток во 13.00 часот во салата на Општина Велес

Извор:www.veles.gov.mk

Monday, May 29, 2006

Работна посета на Претседателот на Р.М. во Велес

 Работна посета на Претседателот на Р.М. во Велес Денес, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, заедно со Министерот за финансии, Никола Поповски и Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски положија камен темелник на новата училишна зграда на ООУ „Рајко Жинзифов“ во селото Горно Оризари.

Повеќе

Friday, May 19, 2006

Ели на полуфиналниот настап, настапи со голема трема!

Ели на вчерашниот полуфинален настап пееше со голема трема.Според многу критичари и експерти настапот беше проценет дека бил навистина многу слаб. Коеографијата не да беше лоша него нејзиниот прекрасен глас не беше доволно истакнат, па сега почна води дискусија дали матриците не беа погодени или кај неа настапи синдромот кој што е попознат како трема. Едно од тие две работи беше главаната причина што голем дел од синоќешната македонска публика и голем број на нејзините обожаватели ширум светот беа разочарани од нејзиниот настап. По нејзниот настап многумина не веруваа дека ќе влезе во финале, но сепак Европа и даде втора шанса на нашата супер Ели да си ги исправи нејзините грешки и да настапи со голема енегија во финалето во сабота. И покрај слабиот настап ќе се надеваме и ќе стискаме палци и ќе веруваме во невозможното, а тоа е да се закити со евопската круна.

Мисијата не да е тешка него е нeвозможна. Тоа се познатите зборови од филмот Mission Impossible 2 кај што главната улога ја игра познатиот актер Tom Cruise. Па се надеваме дека ќе има ист завршеток како и филмот, и покрај невозможната мисија главниот јунак алиас Tom Cruise на крај докажува дека е возможна!

Промоција на новата книга на Марко Семов

Општина Велес и Амбасадата на Република Бугарија во република Македонија и издавачката „Макавеј“ Ве поакануваат ве покануват да учествувате на
промоција за новта книга на академикот Марко Семов со наслов „ЦЕНАТА“Промоцијата ќе се одржи на 25 мај 2006 год во четврток со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес. Улогата на промотор ќе ја преземе писателот Васе Манчев.
Карикатура на Bill Gejts

Бил од друга гледна точка!Нај богатијот човек и творецот на нај популарниот и нај ранивлиот оперативeн систем Windows.

Friday, April 28, 2006

Советеот се одлучи за новата химна, маскота и заштитен за Општина Велес

По подолгите дискусии околу химната, затштитен знак и маскота за Влес, советот на Општина Велес стави крај на сите дилеми и ја донесе конечната одлука. Советот се одлучи новата химна на Велес да биде „Болен ми лежи Миле Попјорданов“тоа е песна која се поврзува со гимиџиите и националниот идентитет на македонецот.За новата маскота е избрана видрата пргаво, интелегентно и остроумно животно кое што живее во реките на Бабуна и Тополка. За заштитен знак е избрана афионова чушка, која порано била најзастапеното индустриско растение и обележува долг историски период во велешко а сега скоро не се сади.

Thursday, April 27, 2006

103 годишнината од подвигот на Гемиџиите



Општина Велес, по повод 103 годишнината од подвигот на Гемиџиите
Ве поканува на:

ПОКЛОН ПРЕД ХЕРОИТЕ


10.00 часот: Положување цвеќе на споменикот на Гемиџиите
место: Споменик на Гемиџиите кај Мало мовче

12.00 часот: Положување цвеќе на гробот на гемиџијата Милан Арсов
место: с.Ораовец

Извор:www.veles.gov.mk

Friday, April 21, 2006

Luna во Велес

Вечерва во велешката дискоте Down Town ќе гоствуа српската група Luna. Luna има досега повеќе пати гоствувано во Велс, и на секое гоствување дискотекатав беше полна речиси до последно место. По традиција концертите во дискотеката Down Town се одржуват во сабота, но по повод на големиот велигденски празник концертот на Luna ќе се одржи вечерва. Влезниците за концертот се продавта по маркетите со цена од 100 ден а додека на влезот на дискотеката цената про влезница е 200 ден.
Честитки по повод Велигден

Веб страница на Општина Велес По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, Градоначалникот на Општина Велес на сите верници на Македонската православна црква им ги честита велигденските празници со желби за добро здравје, среќа и празнично расположение.

Извор:www.veles.gov.mk

Wednesday, April 19, 2006

Arsenal против Villarreale (Hanri против Riquelme)

Arsenal против VillarrealeНа кого од двата тима ќе им се насмее среќета и да се пласира во финалето и да се бори против Barselona или против за многумина веќе отпишаниот седумкратниот првак Ac Milan. Дали ќе биде тоa дуелот измеѓу Hanri и Ronaldinho, Riquelme и Ronaldinho или може да се случи некоје чудо на Nou Kamp па да биде дуелот измеѓу Hanri и Shevcenkо, Riquelme и Shevcenkо. Уште е рано да се прогнозира, еве еден коментар на Wolf за вечерашниот натпревар. Повеќе

Tuesday, April 18, 2006

Milan VS Barsa

Milan против Barselona за многумина овој натпревар прествува финале пред финалето. За многумуна Barselona e фаворитoт во дуелот имеѓу овије два гиганта, но сепак според досегашната традиција во лигата на шамиони седумкратниот првак Milan ги има подобрите карти! Еве еден коментар од Wolf кај што можете да го слушнете неговото милење за вечерашниот дуел! http://macedonianwolf.wordpress.com

Monday, April 17, 2006

Лош ден


Thursday, April 13, 2006

Порталот на DJ 23

Освем што пушта музика по велешките кафичи и по разновидни забави низ цела Македонија, во неговото слободно време се занимава со нешто друго. Неговата нова занимација што прераснува полека во нова професија, е интернетот и адмистрацијата на неговиот портал www.ludnica.com.mk. Порталот е навистина лудница. На порталот може да најдете секаков тип на информации. Информации за Спортот, Технологијата, Забава и за многу други работи. Исто така можете да се зачлените на бесплатниот форум www.forum.ludnica.com kaj што можете да го поделите вашето мислење со другите.

Форумот на DJ 23 Порталот на DJ 23

e-mail: webmaster@ludnica.com.mk

Уредник: Трајче Панов - Dj23

Др Марјан-Несреќна љубов

сликата на marjanlasveles
Др Марјан покрај што го занае лекот за мачните нереќни души, понекогаш знае и да пушти некоја тажна љубовна приказна кој што повеќе огинот ќе го разгори место да го изгасне. Ако сакате да ја чујете неговита приказнa тогаш пратете го наредниот линк.

Др Марјан Крстевски-Несреќна љубов

Wednesday, April 12, 2006

Paris Hilton е самоубедена!



Paris Hilton нема никакво негативно мислење за нејзиниот музички талент. Америаканските медиуми велат дека самата е убедена дека е родена за да биде POP звезда. Во едно интервију вели: Тоа е толку добро. Јас од секогаш сум имала прекрасен глас. Или го имаш или го немаш.Талентот не се стекнува, за тоа треба да си роден! Paris работи веќе три години на нејзиниот прв албум. За точниот датум кога ќе треба да испадне во продажба се уште не се знае.

Friday, April 07, 2006

Др Марјан-Доктор за скршени срца


Првиот велешки доктор за скршени срца
Др Марјан Крстевски


Одевете многу време со вашата женска или со вашиот дечко и тоа со долги години и мислевте дека е тоа ваша единствена љубов. Тогаш ви е потребен еден стручњак кој што може да ги залечи вашите тешки рани. Др Марјан го знае лекот за скршрни срца Повеќе

Thursday, April 06, 2006

Barselona и Arsenal се вторите патници

Barselona и Arsenal се вторите патници во полуфиналето од лигата на шампиони. Италијанците остана само со еден преставник а додека овогодишното најголемо изненадување португалскио клуб Benfika не успеа да го постигне истиот резулата на Porto кој што ја освоји европската круна во сезоната 2003/2004. Во полуфиналето ќе се сретнат Ac Milan и тимот кој што моментано го игра најдобриот фудбал во Европа Fc Barselona а доека шпанското овогодишно изненедување Villarreal ќе игра против тимот кој што се пласирал за прв пат во неговата клубска историја во полуфиналето од лигата на шампиони, против англискиот Arsenal.

Wednesday, April 05, 2006

По што се познати велешките гимназијалци?

Ѓошев МихаилВелешката гимназија е успешна во сите полиња, не само што има паметни деца, туку тие се доста убави. На пример ученикот Ѓошев Михаил кој што учествуаваше во селекцијата на Интермодел. Повеќе
Аc Milan и Villarreal се првите патници!

Ac Milan и Villarreal се првите патници во 1/2 финале од лигата на шампиони. Денеска ќе се решава кој ќе бидат двајца придружници на овије двата многу среќни тима. Ac Milan со многу голема среќа успеа да се пласира во 1/2 финалето од лигата на шампиони. Lyon го доминираше целиот натпревар, но сепак последните 5 мунути испадна многу кобни за францускиот првак. Напреварот го решија Filippo Inzagh со голот во 88 минута и Andriy Shevchenko со голот во 90 минута. Lyon по трет пат поред не успеа да се пласира во во 1/2 во лигата на шампиони, и да напише нов капител во клубската историја.

Tuesday, March 21, 2006

Кој го уби Слободан Милошевиќ?

Пред неколку денови беше ставена една многу занимлива анкета на нај популарниот велешки поратал www.tirekovmirece.com. Анкетата е поврзана со мистериозната смрт на долгогодишниот лидер на србскиот народ Слободан Милошевиќ. На анкетата главното прашање беше посатвено: кој го уби Слобо?

Резулататите од анкетата се следни:

Прашање од анкетата:
Кој го уби Слобо?
1.Карла Дел Понте 66
2.Буш 23
3.Природна смрт 17
4.Самоубиство 8
5.Ја доби заслужената казна 11


Мојот нов блог www.velesweb.blog.com.mk на единствениот македонски блог сервис www.blog.com.mk


На македонскиот сервис сум веќе член една недаела и еден ден и навистина сум задоволен од сервисот што го нудат. Едиторот е понапреден за разлика од сервисот што го киристев досега www.blogger.com а начинот на работа е нешто што досега го немам сретнато. Само малце би тербало да се работи повеќе на самата скрипта. На главните одговорни на овој сервис им посакувам многу среќа во иднина и нека терат само напреад. И за крај сакам да им препорачам на сите македонски блогери што го користат www.blogger.com да се префрлат на нашиот македонски блог сервис www.blog.com.mk.

Новата химна, заштитен знак и маскота за Велес


На 14.03.2006 на седницата во Општина, советот ја донесе одлука за востановување на химна, заштитен знак и маскота на град Велес.

  • За химна на Општина Велес се востановува народната песна „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“.
  • За заштитен знак на Општина Велес се утврдува афионска чушка (афионска шапка).
  • За маскота на Општина Велес се утврдува стилизиран цртеж на видра.
Повеќе за настанот тука.

Monday, March 20, 2006

Коментар од концертот на Dara Bubamara

Во сабота во градот Велес во дискотеката Down Town беше одржан долго очекуваниот концерт на Dara Bubamara. Концертната сала повторно беше до последното место исполнетеа. Концертот започна со мало задоцнување во 00:00 а траеше се до 2:45. Koнцертит беше навистина лудница, само една работа не чинеше. Разгласот беше катастрофа, така да публиката не можеше да ужива во вистинскиот глас на големата српска дива.

Friday, March 17, 2006

Dara Bubamara во Велес


Dara Bubamara Ова Саботa во велешката дискотека Down Town за прв пат ќе гоствува србската турбо фолк звезда Dara Bubamara. Концертот требаше да се одржи уште лани, ама порадди некоји други причини се одложил за ова година. По маркетите на ТЕДИКО цената на влезниците е 100ден а додека на влезот на дискотеката е 150ден.

Tuesday, March 14, 2006

Што ќе донесе патот кон Европа?

Во рамките на кампањата „Европа сега“ на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во организација на Центарот за поддршка на НВО, во Велес се одржа трибина на тема „Процесот на придружување на Република Македонија кон Европската Унија и перспективи“, а предизвиците пред кои се наоѓа Македонија, за предпристапниот инструмент ИПА кој ќе ја замени програмата КАРДС и обврските во областа на заштитата на животната средина, на трибината говореа д-р Финка Серафимова и Марија Игнатова, претставници на Секретаријатот за Европски прашања. .....Повеќе
Inter или Ajax?


Верчева ќе се решева меѓу Inter и Ajax кој ќе биде последниот патник во 1/4 финале во лигата на шампиони. Главниот фаворит се занае веќе дека е Inter, по нерешениот резултат од...Повеќе

Monday, March 13, 2006

Џогани во Велес


По неколку месечна зимска пауза, на 11.03 во минатава Сабота беше отворна велешката единствената летната дискотека во градот Велес, дискотека DOWN TOWN. Главните гости на отварањето беа групта Џогани. Исто ко во изминатите преходни концерти, салта беше повторно распродаена и полна со нивните најголеми обожаватели. Влезната карта за концертот беше 100 денари и на влезот и по маркетите. Еве неколку слики од концертот.

Friday, March 10, 2006

Резултати од ждрепката

Денеска во 13 часот во главниот град на Франција во Парис, беа извлекувани 1/4 финалните парови од лигата на шампиони. Паровите се следни: единствениот англиски патник во 1/4... Повеќе
Дали ќе си го задржи радио 5фм името?

По мењавњето на името од мерак5фм во 5фм, наводно во следниот чекор газдите на најпопуларната радио станица во Велес, планират да го избришат и последното од името што остнало. Во иднина радиото нема да се вика ни мерак ни 5фм, него газдите се во план да се одлучат за сосема ново име.Газдите на мерак 5фм беа 5 години во успешниот бизнис заједно, а причината за мењавањето на името се уште не се знае, тимот е ист а за новото име уште не донесена одлука.
Ангажирање на 79 британски полицајци

На светското првенство во Германија ќе бидат ангажирани 79 британски полицајци. Британските џандари својта должоност нема да ја вршат во униформа, него во цивилка. Цивилната британска полиција ќе се грижи за безбедноста на оние места каде што ќе има најголема фреквенција на луѓе за времето на светското првенство. Нивните главни пунктови ќе бидат: жељезничките станици, ајодромите и глвните влезови на стадионите.
Победа за Dallas и Spurs

Најдобрите досегашни два NBA тима, ја продолжија трката за првото место во севернозападната коференција. Dallas го доби синоќешниот натпревар нагости против Portland со 100 спрема 92. Во изминативе 10 натпревари против Portland, Dallas успеа да триумфира 9 пати. Германецот Dirk Nowicki постигна 33 коша на натпреварот. Spurs исто така во сопствената сала го збриша Phoenix со 117 спрема 93.

Tuesday, March 07, 2006

8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената

По повод 8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес, на ден 02.03.2006 година (четврток) со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес, одржа ТРИБИНА на тема: повеќе....