Friday, May 19, 2006

Ели на полуфиналниот настап, настапи со голема трема!

Ели на вчерашниот полуфинален настап пееше со голема трема.Според многу критичари и експерти настапот беше проценет дека бил навистина многу слаб. Коеографијата не да беше лоша него нејзиниот прекрасен глас не беше доволно истакнат, па сега почна води дискусија дали матриците не беа погодени или кај неа настапи синдромот кој што е попознат како трема. Едно од тие две работи беше главаната причина што голем дел од синоќешната македонска публика и голем број на нејзините обожаватели ширум светот беа разочарани од нејзиниот настап. По нејзниот настап многумина не веруваа дека ќе влезе во финале, но сепак Европа и даде втора шанса на нашата супер Ели да си ги исправи нејзините грешки и да настапи со голема енегија во финалето во сабота. И покрај слабиот настап ќе се надеваме и ќе стискаме палци и ќе веруваме во невозможното, а тоа е да се закити со евопската круна.

Мисијата не да е тешка него е нeвозможна. Тоа се познатите зборови од филмот Mission Impossible 2 кај што главната улога ја игра познатиот актер Tom Cruise. Па се надеваме дека ќе има ист завршеток како и филмот, и покрај невозможната мисија главниот јунак алиас Tom Cruise на крај докажува дека е возможна!

No comments: