Thursday, December 07, 2006

Градот на Прличко заслужува театар

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на прес конференција го изрази своето незадоволство и разочарување од фактот што во предлог Буџетот за 2007 година, Владата на Република Македонија повторно не ја вклучи изградбата на новата театарска зграда во Велес помеѓу капиталните инвестиции. Тој упати апел до Владата со амандман да ја вклучи изградбата на театарската зграда и да се придржува кон Националната програма за култура усвоена во мај 2004 година.
„Македонија не е само Скопје“ рече Коцевски потсетувајќи ја јавноста дека токму во Велес, Јордан Хаџи Константинов - Џинот го напиша првиот драмски текст, дека во Велес Тинка Коларова првата жена актер во Македонија играла на театарската сцена и дека од Велес потекнуваат голем број истакнатаи македонски актери, меѓу кои и првиот скомрах Петре Прличко. Повеќе


Image

No comments: