
Thursday, December 14, 2006
Една доза на луди слики!

Покана зa на изложбата на Живко Пренџов
Се покануваат сите љубители и не љубители на уметноста оние што се од Велес и што не се да присуствуваат на изложбата на велешкиот познат уметник и педагог Живко Пренџов која што ќе се одржи на 15.12.2006 година нареден Петок. За поконретни информации кликнете на дадената слика. Повеќе
Thursday, December 07, 2006
Lamborghini Murciélago LP640 Roadster

Повеќе
Компјутерскиот анимиран филм Happy Feet по втор пат ја задржа првата позиција - Box Office

Градот на Прличко заслужува театар


Tuesday, November 21, 2006
Новиот компјутерски анимиран филм го порази Jems Bond - Box Office
На премиерата во Aмерика последниот викенд новиот Jems Bond филм кој што е продукциа на Sony Pictures Releasing, Sony Pictures Releasing International со наслов Casino Royale е порaзен од компјутерскиот анимиран филм кој што е продукција на нај познатата американска продуциска куќа Warner Bros кој што исто така доживи премиера последниот викенд во Америка, тоа филмот кој што пингвините ја играат главната улога во компјутерски анимиран вештачки свет тоа е филмот со наслов Happy Feet. Компјутерскиот анимиран филм Happy Feet преку викендот беше емитуван во 3804 а неговата вкупна заработка изнесува $42.320.000, 1.7 милион долари повеќе од второ пласираниот филм кој што е продукција на Sony Pictures Releasing со наслов Jems Bond - Casino Royale кој за разлика беше емитуван во 3434 амерички кино сали преку викендот во Америка. Повеќе
Friday, November 17, 2006
Биографија: велешката уметничка легенда Живко Пренџов
Живко Пренџов
Ул. "Прва Комуна" 34,
1400 Велес, Македонија
Контакт:
Повеќе
Wednesday, November 15, 2006
На Borat му немаше рамен - Box Office
Дефинитивно немаше рамен ниту овој викенд со филмот кој што главаната улога ја игра Sacha Baron Cohen алиас Borat, како што велеше големиот император Julius Cezar дојдов видов победив. Филмот на американска филмска компаниа 20th Century Fox Distribution со наслов Borat: Cultural Learnings of America for Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan преку викендот беше емитуван во 2566 американски кина а за тоа време направи профит од $29,000,000 милиони долари тоа се дури 12,1 милиона повеќе од второ пласираниот филм на компаниата Buena Vista Pictures Distribution со наслов The Santa Clause 3: The Escape Clause кој за разлика беше емитуван по 3458 американски кина. Повеќе
За да бидете во текот со најновите филмски траилери или со нај забавните светски видео клипови зграпчите го веле веб видео фидот veleswebvideos.blogspot.com/atom.xml
Нај ефтините и нај задоволителните коли во светото
Германското препријатие за возила ADAC пред некое време ги тестираше пет нај задоволителните и нај ефтините коли во светот. Во тестот се запзени следините работи: цената на возилото, потрошњата и максималниот капецитет на машината. Повеќе
Thursday, September 14, 2006
Хорор филмот The Covenant - филм траилер
Као што спомнав еднаш xорор филмот The Covenant во изминатава недела во рок од седум дена успеа да направи заработка од 8,9 милиони долари и со тоа се наѓа на прво место на американскиот " Box Office ". Овој филм располага со изворедно добри звучни ефекти и толку страшна содржина или поконретно кажано ово е вистинскиот филм за сите љубители на екстремно страшни xорор филмови. Еве ви го и оргиналниот треилер за овој филм: траилер
Еве и еден линк кон целосната топ 10 листа од изминатава недела: velesweb.tk
Извор:velesweb.blog.com.mk
Новиот домен на: velesweb.tk
Изложба на стрипот - Правата на Ромите преку стрип

-14.09.2006 Велес, 19час
Стрип центар Македонија
-15.09.2006 Градско, 12час
О.У. Даме Груев
-15.09.2006 Неготино, 18час
Центар за подршка на НВО
-19.09.2006 Прилеп, 19час
Центар за подршка на НВО
-20.09.2006 Скопје , 19час
" КУМНАЛ " Никола Карев
Проект: Правата на Ромите преку стрип
Проктот е финансиран од " КРАЛСКАТА НОРВЕШКА АМБАСАДА "
Thursday, September 07, 2006
Скакачка плавуша - видео клип

Ако сакате да бидете во тек со најновите видеоклипови тогаш преземете го фидот на ова веб страница veleswebvideos.blogspot.com/atom.xml Oва е вистинскиот фид за вашата дневна интернет забава. Ако имате желба да го дознаете фаворитот кој што се индексира на ова веб страница како на пример овој видео клип, тогаш преземете го овој фид velesweb.blog.com.mk/blog/3427/feed Ви благодариме за вашето внимание!
Thursday, July 13, 2006
Tuesday, June 06, 2006
Tuesday, May 30, 2006
Менса бесплатно теститарње!
Оваа недела во Велес на 03 јуни 2006 (сабота) во ОУ “Васил Главинов” со почеток во 12:00 h ќе се одржи тестирање за интелегенција од невладината организација МЕНСА. Тестирањето е бесплатно и е за лица со наполнети 14 години.
МЕНСА МАКЕДОНИЈА е невладина организација која работи на откривање и унапредување на човечката интелигенција. Со членска карта од Менса која е валидна во целиот свет вие станувате дел од Менса семејството на најинтелигентните луѓе во светот, што носи привилегии за школување, стипендии, визи, вработување…
Менса Македонија е организација чии членови се избираат според општо прифатените критериуми (тестови на интелигенција) на MENSA INTERNATIONAL со седиште во Лондон. Таа се раководи според општочовечките принципи за рамноправност, правда, мир, соработка меѓу поединци и колективи.
Плаката и летокот можете да ги превземете од следниве линкови.
1. Плаката
2. Леток
Извор:www.goranandreev.name.mk

Промоција на книги Книгоиздавателството Култура - Скопје, Општината Велес и библиотеката „Гоце Делчев“, Ве покануваат на Промоцијата на книгите
СИТЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ (СТОПАНСКИ) РЕФОРМИ
и
ВИОРНИ ВРЕМИЊА
од Киро Глигоров
Обраќање: Г-дин Аце Коцевски, градоначалник на Велес
Промотри: Акад. Таки Фити, Г-дин Васил Тоциновски
Обраќање: Г-дин Киро Глигоров
Промоцијата ќе се одржи во среда, 31 мај, со почеток во 13.00 часот во салата на Општина Велес
Извор:www.veles.gov.mk
Monday, May 29, 2006
Денес, Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, заедно со Министерот за финансии, Никола Поповски и Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски положија камен темелник на новата училишна зграда на ООУ „Рајко Жинзифов“ во селото Горно Оризари.
Friday, May 19, 2006
Ели на вчерашниот полуфинален настап пееше со голема трема.Според многу критичари и експерти настапот беше проценет дека бил навистина многу слаб. Коеографијата не да беше лоша него нејзиниот прекрасен глас не беше доволно истакнат, па сега почна води дискусија дали матриците не беа погодени или кај неа настапи синдромот кој што е попознат како трема. Едно од тие две работи беше главаната причина што голем дел од синоќешната македонска публика и голем број на нејзините обожаватели ширум светот беа разочарани од нејзиниот настап. По нејзниот настап многумина не веруваа дека ќе влезе во финале, но сепак Европа и даде втора шанса на нашата супер Ели да си ги исправи нејзините грешки и да настапи со голема енегија во финалето во сабота. И покрај слабиот настап ќе се надеваме и ќе стискаме палци и ќе веруваме во невозможното, а тоа е да се закити со евопската круна.
Мисијата не да е тешка него е нeвозможна. Тоа се познатите зборови од филмот Mission Impossible 2 кај што главната улога ја игра познатиот актер Tom Cruise. Па се надеваме дека ќе има ист завршеток како и филмот, и покрај невозможната мисија главниот јунак алиас Tom Cruise на крај докажува дека е возможна!

промоција за новта книга на академикот Марко Семов со наслов „ЦЕНАТА“Промоцијата ќе се одржи на 25 мај 2006 год во четврток со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес. Улогата на промотор ќе ја преземе писателот Васе Манчев.
Friday, April 28, 2006

Thursday, April 27, 2006
Ве поканува на:
10.00 часот: Положување цвеќе на споменикот на Гемиџиите
место: Споменик на Гемиџиите кај Мало мовче
12.00 часот: Положување цвеќе на гробот на гемиџијата Милан Арсов
место: с.Ораовец
Извор:www.veles.gov.mk
Friday, April 21, 2006

По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение Велигден, Градоначалникот на Општина Велес на сите верници на Македонската православна црква им ги честита велигденските празници со желби за добро здравје, среќа и празнично расположение.
Извор:www.veles.gov.mk
Wednesday, April 19, 2006
На кого од двата тима ќе им се насмее среќета и да се пласира во финалето и да се бори против Barselona или против за многумина веќе отпишаниот седумкратниот првак Ac Milan. Дали ќе биде тоa дуелот измеѓу Hanri и Ronaldinho, Riquelme и Ronaldinho или може да се случи некоје чудо на Nou Kamp па да биде дуелот измеѓу Hanri и Shevcenkо, Riquelme и Shevcenkо. Уште е рано да се прогнозира, еве еден коментар на Wolf за вечерашниот натпревар. Повеќе
Tuesday, April 18, 2006

Monday, April 17, 2006
Thursday, April 13, 2006
Освем што пушта музика по велешките кафичи и по разновидни забави низ цела Македонија, во неговото слободно време се занимава со нешто друго. Неговата нова занимација што прераснува полека во нова професија, е интернетот и адмистрацијата на неговиот портал www.ludnica.com.mk. Порталот е навистина лудница. На порталот може да најдете секаков тип на информации. Информации за Спортот, Технологијата, Забава и за многу други работи. Исто така можете да се зачлените на бесплатниот форум www.forum.ludnica.com kaj што можете да го поделите вашето мислење со другите.
e-mail: webmaster@ludnica.com.mk
Уредник: Трајче Панов - Dj23
Др Марјан покрај што го занае лекот за мачните нереќни души, понекогаш знае и да пушти некоја тажна љубовна приказна кој што повеќе огинот ќе го разгори место да го изгасне. Ако сакате да ја чујете неговита приказнa тогаш пратете го наредниот линк.
Др Марјан Крстевски-Несреќна љубов
Wednesday, April 12, 2006

Paris Hilton нема никакво негативно мислење за нејзиниот музички талент. Америаканските медиуми велат дека самата е убедена дека е родена за да биде POP звезда. Во едно интервију вели: Тоа е толку добро. Јас од секогаш сум имала прекрасен глас. Или го имаш или го немаш.Талентот не се стекнува, за тоа треба да си роден! Paris работи веќе три години на нејзиниот прв албум. За точниот датум кога ќе треба да испадне во продажба се уште не се знае.
Friday, April 07, 2006

Др Марјан Крстевски
Одевете многу време со вашата женска или со вашиот дечко и тоа со долги години и мислевте дека е тоа ваша единствена љубов. Тогаш ви е потребен еден стручњак кој што може да ги залечи вашите тешки рани. Др Марјан го знае лекот за скршрни срца Повеќе
Thursday, April 06, 2006
Barselona и Arsenal се вторите патници во полуфиналето од лигата на шампиони. Италијанците остана само со еден преставник а додека овогодишното најголемо изненадување португалскио клуб Benfika не успеа да го постигне истиот резулата на Porto кој што ја освоји европската круна во сезоната 2003/2004. Во полуфиналето ќе се сретнат Ac Milan и тимот кој што моментано го игра најдобриот фудбал во Европа Fc Barselona а доека шпанското овогодишно изненедување Villarreal ќе игра против тимот кој што се пласирал за прв пат во неговата клубска историја во полуфиналето од лигата на шампиони, против англискиот Arsenal.
Wednesday, April 05, 2006


Tuesday, March 21, 2006
Пред неколку денови беше ставена една многу занимлива анкета на нај популарниот велешки поратал www.tirekovmirece.com. Анкетата е поврзана со мистериозната смрт на долгогодишниот лидер на србскиот народ Слободан Милошевиќ. На анкетата главното прашање беше посатвено: кој го уби Слобо?
Резулататите од анкетата се следни:
Прашање од анкетата: Кој го уби Слобо? | ||
1.Карла Дел Понте | ![]() | |
2.Буш | ![]() | |
3.Природна смрт | ![]() | |
4.Самоубиство | ![]() | |
5.Ја доби заслужената казна | ![]() |

Новата химна, заштитен знак и маскота за Велес
На 14.03.2006 на седницата во Општина, советот ја донесе одлука за востановување на химна, заштитен знак и маскота на град Велес.
- За химна на Општина Велес се востановува народната песна „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“.
- За заштитен знак на Општина Велес се утврдува афионска чушка (афионска шапка).
- За маскота на Општина Велес се утврдува стилизиран цртеж на видра.
Monday, March 20, 2006
Во сабота во градот Велес во дискотеката Down Town беше одржан долго очекуваниот концерт на Dara Bubamara. Концертната сала повторно беше до последното место исполнетеа. Концертот започна со мало задоцнување во 00:00 а траеше се до 2:45. Koнцертит беше навистина лудница, само една работа не чинеше. Разгласот беше катастрофа, така да публиката не можеше да ужива во вистинскиот глас на големата српска дива.
Friday, March 17, 2006

Tuesday, March 14, 2006

Во рамките на кампањата „Европа сега“ на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во организација на Центарот за поддршка на НВО, во Велес се одржа трибина на тема „Процесот на придружување на Република Македонија кон Европската Унија и перспективи“, а предизвиците пред кои се наоѓа Македонија, за предпристапниот инструмент ИПА кој ќе ја замени програмата КАРДС и обврските во областа на заштитата на животната средина, на трибината говореа д-р Финка Серафимова и Марија Игнатова, претставници на Секретаријатот за Европски прашања. .....Повеќе

Верчева ќе се решева меѓу Inter и Ajax кој ќе биде последниот патник во 1/4 финале во лигата на шампиони. Главниот фаворит се занае веќе дека е Inter, по нерешениот резултат од...Повеќе
Monday, March 13, 2006

По неколку месечна зимска пауза, на 11.03 во минатава Сабота беше отворна велешката единствената летната дискотека во градот Велес, дискотека DOWN TOWN. Главните гости на отварањето беа групта Џогани. Исто ко во изминатите преходни концерти, салта беше повторно распродаена и полна со нивните најголеми обожаватели. Влезната карта за концертот беше 100 денари и на влезот и по маркетите. Еве неколку слики од концертот.
Friday, March 10, 2006

Денеска во 13 часот во главниот град на Франција во Парис, беа извлекувани 1/4 финалните парови од лигата на шампиони. Паровите се следни: единствениот англиски патник во 1/4... Повеќе
По мењавњето на името од мерак5фм во 5фм, наводно во следниот чекор газдите на најпопуларната радио станица во Велес, планират да го избришат и последното од името што остнало. Во иднина радиото нема да се вика ни мерак ни 5фм, него газдите се во план да се одлучат за сосема ново име.Газдите на мерак 5фм беа 5 години во успешниот бизнис заједно, а причината за мењавањето на името се уште не се знае, тимот е ист а за новото име уште не донесена одлука.

На светското првенство во Германија ќе бидат ангажирани 79 британски полицајци. Британските џандари својта должоност нема да ја вршат во униформа, него во цивилка. Цивилната британска полиција ќе се грижи за безбедноста на оние места каде што ќе има најголема фреквенција на луѓе за времето на светското првенство. Нивните главни пунктови ќе бидат: жељезничките станици, ајодромите и глвните влезови на стадионите.

Најдобрите досегашни два NBA тима, ја продолжија трката за првото место во севернозападната коференција. Dallas го доби синоќешниот натпревар нагости против Portland со 100 спрема 92. Во изминативе 10 натпревари против Portland, Dallas успеа да триумфира 9 пати. Германецот Dirk Nowicki постигна 33 коша на натпреварот. Spurs исто така во сопствената сала го збриша Phoenix со 117 спрема 93.
Tuesday, March 07, 2006

По повод 8 - ми Март, Меѓународниот ден за правата на жената, Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес, на ден 02.03.2006 година (четврток) со почеток во 18:00 часот во салата на Општина Велес, одржа ТРИБИНА на тема: повеќе....